Новак Ѓоковиќ денеска го совлада Милош Раониќ од Канада во второто четвртфинале и ќе игра во полуфиналето на Грен слемот Австралија опен.
Ѓоковиќ го искористи овој натпревар да упати последен поздрав до Коби Брајант носејќи ги неговите иницијали и броеви од дресови на тренерката во која излезе пред натпреварот.
Бранителот на трофејот победи со максимални 3-0, по сетови 6:4, 6:3 и 7:6 за нешто помалку од три часа игра.
Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе се сретне со швајцарскиот тенисер Роџер Федерер кој претпладне го совлада Тенис Сандгрен со 3-2.
Новак Ѓоковиќ кој е втор носител, на турнирот во Мелбурн досега има седум полуфиналиња и во сите нив извојувал победа.
Воедно, ова ќе биде 50. пресметка меѓу Ѓоковиќ и Федерер. Досегашниот биланс е 26:23 за Србинот.