Трговскиот центар „Скопје сити мол“ во населбата Карпош во моментов се евакуира поради дојава за бомба.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА изјавија дека до нив е пристигната информација за дојава за поставена бомба по што на терен се испратени екипи од полицијата.

На терен е и екипа од Противпожарната бригада на Скопје со едно возило и четворица пожарникари.

Според очевидци, во трговскиот се вклучени сите аларми и било побарана итна евакуација.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2020 13:28