Триесет и пет годишниот Е.А од Штип синоќа во 20.40 часот е лишен од слобода поради навредување полициските службеници, кои вршеле негово приведување.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштението до медиумите наведува дека Е.А се однесувал агресивно и ги навредувал полициските службеници, кои требале да го приведат поради физички напад врз 41 – годишниот В.Е на улицата „Балканска“ во Штип.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодвете поднесок.