Кривична пријава за 19-годишен Кумановец поднесе СВР Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

– Во текот на 2019, пријавениот М.И.(19) како возач во два наврата, управувајќи патничко возило „голф“, сопственост на неговата мајка и патничко возило „опел“ сопственост на С.Ц. од Куманово, при сообраќајна контрола на полициски службеници, поради непоседување возачка дозвола и поради сторени сообраќајни прекршоци, употребил и искористил лични податоци од оштетениот Д.И. од Куманово, без негова согласност, соопшти МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2020 21:05