Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, по поразот од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен, рече дека шансите да го совлада Србинот денеска биле многу мали.

– Да бидам искрен, не мислев дека не можам да играм поради повредата. По четвртфиналето, се обидов да ја одморам ногата и не тренирав. Мислев дека можам да играм денес. Но не беше така. Знаев дека веројатноста да победам беше само 3%, изјави 38-годишниот ветеран.

Федерер загуби од Ѓоковиќ со 0-3, по сетови 6:7, 4:6 и 3:6 и не успеа да се пласира во финалето на Австралија опен.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2020 16:04