Двократната Гренд слем шампионка, Гарбине Мугуруза тешко ги задржа своите емоции по поразот во финалето на Австралија Опен од Софија Кенин, но сепак успеа сподели неколку зборови на церемонијата на доделувањето на награди.
– Ќе бидам кратка бидејќи сум многу емотивна. Честитки до Софија за неверојатниот натпревар, неверојатниот турнир, го заслужи трофејот и сигурно ќе играш уште многу финалиња. Благодарност до мојот тим, без кого не би бил тука и кој многу страдаше со мене. Благодарам на мојот менаџер, на мојот физиотерапевт, на Кончита … Благодарам што стигнавме до уште едно Гренд слем финале. Беше неверојатно да се игра во вакво опкружување, навивачите се одлични, играме за вас и ви благодарам што дојдовте денес. Благодарност до организаторите за уште еден одличен турнир, ова е скоро мојот омилен „слем“, изјави Шпанката по мечот.