Седумкратниот Гренд-слем шампион, Џон Мекинро изјави дека легендата Роџер Федерер може да ја заврши кариерата по крајот на оваа сезона.
– Мислам дека пораз во финалето на „Вимблдон“ нема да биде голем удар за Федерер – тој е премногу искусен за тоа. Запомнете колку често сме го „отпишувале“ Роџер, по што тој се враќаше и докажа на што е способен. Мислам дека на него му претстои многу борба на големите турнири оваа сезона. Во исто време, оваа сезона може да биде последна во кариерата на Федерер. Не знам колку долго ќе трае, а мотивацијата игра огромна улога. Јас сум изненаден што во принцип тој продолжува да игра на највисоко ниво. Учеството на Олимпијадата во Токио може да биде мотивација за него во моментов. Секако, ќе биде одлично за тенисот ако Роџер игра уште една или две години, изјави Мекинро, цитиран од „Ел Паис“.