На 02.02.2020 околу 10.15 часот пред црквата „Св.Спас“, кај Градските гробишта во Велес, полициски службеници при преземање на службени дејства биле физички нападнати од четири лица.

Едно од нив на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзело службениот пиштол и пукало кон него.

Како што информира за МИА доктор Тодор Јаковлевски, портпарол на ЈЗУ Општа болница повредениот полицаец кој бил донесен во болницата нешто по 11 часот се здобил со четири прострелни рани во абдоменот и една во колено и засега е вон животна опасност.

Но поради сериозноста на повредите препратен е на понатамошно лекување во Хирушките клиники во Скопје.

Тројца од напаѓачите се приве-дени во полициска станица.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2020 21:11