Квтербекот на Канзас сити, Патрик Махомс е прогласен за најкорисен играч на Супербоул. Тој ноќеска во финалето против Сан Франциско го предводеше својот тим до победата со 31:20.

Махомс натпреварот го заврши со 26 точни додавања од 42 за 286 јарди, а исто така фрли две додавања за тачдаун и имаше еден истрчан тачдаун.

Дваесет и четиригодишниот Махомс стана вториот најмлад квотербек кој го освои Супербоулот.

Помлад од него шест месеци беше Бен Ротлисбергер во 2006 година кога Питсбург го освои трофејот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2020 12:01