Победникот на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, се најде на првата позиција на најновата АТП ранг листа објавена денеска. Србинот го истисна Рафаел Надал на второто место.
Прогрес од една позиција забележа и финалистот во Мелбурн, Доминик Тим.
Пласман на најдобрите 10 светски тенисери на најновата ранг листа:
1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 9.720 2. Рафаел Надал (Шпанија) 9.395 3. Роџер Федерер (Швајцарија) 7.130 4. Доминик Тим (Австрија) 7.045 5. Даниел Медведев (Русија) 5.960 6. Стефанос Циципас (Грција) 4.745 7. Александар Зверев (Германија) 3.885 8. Матео Беретини (Италија) 2.905 9. Гаел Монфис (Франција) 2.700 10. Давид Гофин (Белгија) 2.555.