Во изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од сообраќај се исклучени еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и две возила бидејќи биле нерегистрирани.

По преземени мерки и активности од страна на СВР Скопје во изминатите три дена санкциониран е и еден пешак.

Во текот на изминатите денови 114 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2020 13:35