Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Л.А.(55) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.
Пријавениот, кривичното дело го сторил во два наврати во текот на 2019, со тоа што од неговиот внук Д.К. од Неготино, кој се барал по потерница од МВР за сторени кривични дела „измами“ на граѓани преку интернет по основ на нудење и посредување работа во странство“ и на кој му била одредена казна затвор, примил, прибавил и прикрил пари во вкупна вредност од 30.975 евра, за кои знаел дека се стекнати на инкриминиран начин и ги чувал во својот дом. По насока од Д.К., соопшти денеска МВР, на неговата трансакциона сметка, еден дел уплатил во банки во Неготино како трошоци за ангажиран адвокат, за извршители, поврат на средства на оштетени странки и друго, а друг дел чувал во својот дом.