Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.Д.(28) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 12.01.2020 пред угостителски објект на ул.„Илинденска“ во Гостивар, пријавениот со возило ја следел неговата поранешна сопруга, која, исто така, била со возило.
Откако таа застанала, тој излегол и почнал да удира по возилото, а си вперил и пиштол во неговата глава.