Поранешниот тренер на Енди Мареј, Алекс Кореча му порача на британскиот тенисер да направи добра проценка на кои турнири ќе настапи оваа година.

– Тој треба да се фокусира на турнирите на трева и евентуално повторно учество на Олимпијадата. Ова е специјално натпреварување за него (Мареј стана единствениот двократен олимписки шампион во сингл). Мареј ги сака Олимписките игри, како и тревнатите подлоги. Знае дека може да победи. Јас би се фокусирал на тоа, изјави Кореча.

Очекувам да ја започне сезоната на крајот на март во Мајами. Може да одигра 15-20 натпревари пред почетокот на сезоната на трева, тоа ќе биде одлично. Според мене, ако смета дека може да биде ризично, тој веројатно треба да го пропушти Ролан Гарос, затоа што ќе бара многу напор, додаде шпанскиот тениски стручњак.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2020 14:04