Седумгодишно дете со тешки повреди е пренесено на скопските клиники, откако на него налетало возило при обид да премине улица во Гостивар.

Од СВР Тетово информираат дека денеска во 12 часот и 10 минути, е пријавена сообраќајна несреќа на улица „101“ во Гостивар. Од првичните информации, патничко моторно возило „форд С макс“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот гостиварец З.З. удрило во 7-годишно дете (пешак). Во незгодата, детето се здобило со тешки телесни повреди и првин е пренесено во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2020 18:32