Во рамки на координирани активности на полицијата за спречување нелегален риболов долж целото крајбрежје на Охридското Езеро вчера биле пронајдени и запленети две вреќи со 52 парчиња уловена риба пастрмка, 11 риболовни мрежи, како и друг риболовен алат и прибор.

Како што појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, запленетите риба и риболовен алат се предадени во Хидробиолошкиот завод, а полицијата веќе има информации за сторителите на казненото дело „незаконит риболов" по што против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Охридското Езеро моментално е стопан откако Владата го раскина договорот за концесија со фирмата „Летница-Белвица" поради утврдени нерегуларности во работењето, односно непридржување кон одредбите од договорот, меѓу кои и ставката физичка заштита на рибниот фонд во езерото.

Претставници на надлежните институции најавија дека во периодот до избор на нов концесионер ќе бидат засилени активностите на сите служби за што поголема физичка заштита на рибата во езерото.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2020 17:48