Спортскиот директор во Формула 1, Рос Браун изјави дека раководството сè уште не се откажало од идејата оваа година Кина да биде домаќин на ГН.

Неодамна, властите на Шангај издадоа официјална изјава во која тие најавија откажување на сите јавни настани до задушување на епидемијата на коронавирус.

Според Браун, „Ф1“ сè уште ја разгледува можноста за друг датум за трката во Кина.

– Ако кинеското Гран при да не се одржи во април, тоа може да биде презакажано. Ќе ја разгледаме можноста за одржување на трката подоцна во сезоната. Кина е растечки и интересен пазар, ние би сакале да се одржи трка таму, изјави Браун.

Според календарот на Ф1, кинеското Гран при е предвидено да се одржи од 17-19 април.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2020 14:55