На патниот правец Прилеп – Кавадарци, после планинскиот премин Плетвар, од село Беловодица до село Тројаци, во должина од четири километри сообраќајот се одвива со повремени прекини поради силен ветер и поголеми наноси на снег на коловозот.

Како што информираат од АМСМ, екипите на ЈП Македонија пат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2020 17:53