На 05.02.2020 во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Февруарски поход“, при изведување на градежни работи – ископ, била пронајдена неексплодирана граната калибар 82мм.
Полициски службеници излегле на местото и извршиле увид, а гранатата била безбедно подигната од претставник од Дирекцијата за заштита и спасување.