Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Џ.А.(51) од село Црник, пехчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“.
На 26.01.2020, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Делчево, во атар на село Црник, го затекнале пријавениот како неовластено лови дивеч во ловиште „Сараево“, за кое не е спроведен јавен повик за издавање на концесија од страна на Владата на Република Македонија, поради што е забранет лов на секаков вид дивеч.