Р.М.(32), Т.Г.(46), Г.Т.(41) и М.И.(57), сите од Прилеп, вработени како полициски службеници во ОВР Прилеп, вчера во Одделението за внатрешни работи Прилеп пријавиле дека на социјалните мрежи биле злоупотребени нивни лични податоци, односно биле објавени фотографии без нивна согласност.

Според пријавеното, завчера околу 21:00 часот на социјална мрежа на профилот означен како Б.И., без нивна согласност биле постирани нивни фотографии.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2020 01:33