Македонија е најпребарувана локација поврзана на наградите Оскар во моментов на Гугл, што се должи на „Медена земја“, кој е номиниран во две категории.

-Македонија, татковината на номинираниот за Оскар, „Медена земја“ е топ место на Земјата, според пребарувањата за наградите, се наведува во твитот на Твитер налогот на Гугл трендс.

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов доби две номинации за Оскар, за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Ова е првиот македонски филм со две номинации за Оскар.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2020 03:30