Лина Ѓорческа се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучерс турнирот во Трнава, Словачка, што се игра за награден фонд од 25.000 долари.
Најдобрата македонска тенисерка во чеврт-финалето ја елиминира Романката Александра Каданту, 59-та на ВТА ранг листата, со 6:3, 6:2. Нејзина ривалка во мечот за финале ќе биде Русинката Влада Ковал.