Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, Одделението за внатрешни работи во Кичево, поднесе кривична пријава против Б. А. ,27 годишен од тетовското село Дреноец, информира портпаролот на СВР- Охрид Стефан Димоски.

Димоски објаснува дека при преглед извршен на втори септември минатата година во патнички автомобил што Б. А. го управувал во Кичево, во сопственост на неговиот татко, полициските службеници пронашле и одзеле огнено оружје пиштол „Таурус“ калибар 9 милиметри и рамка со десет куршуми за кои, пријавениот немал соодветна документација.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2020 16:27