Македонскиот репрезентативец Бојан Костов освои бронзен медал на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори – У21 што се одржува во Будимпешта.
Костов во унгарската престолнина до медалот стигна по пет победи и еден пораз во категоријата кумите -57 кг.
На евро-шампионатот, од другите македонски каратисти забележителни настапи досега имаа, Стефан Стојановиќ во категоријата кумите јуниори -70 кг. и Матеј Белистојаноски во категоријата кадети -52 кг. со освоени петти места.