На магистралниот пат Куманово–Крива Паланка синоќа околу 21,00 часот во товарно моторно возило „ДАФ“ и полуприколка со скопски регистарски ознаки, полицијата пронашла 26 мигранти, сите од Бангладеш, од кои осум биле малолетници.

Како што денеска информираат од МВР, товарното возило било управувано од С.Н.(38) од Радовиш.

Возачот и мигрантите биле приведени во СВР Куманово за понатамошна постапка, а потоа мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар Табановце.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2020 13:59