Тетовската полиција ноќеска спроведе контролна акција за да утврди колку од возачите управуваат возила под дејство на алкохол. Проверката била спроведена на тетовското подрачје во периодот од 22 часот синоќа до 4 часот изутрина.

-Во овој период е утврдено дека 15 возачи управуваат возила под дејство на алкохол. Сите тие се исклучени од сообраќај веднаш и ќе се соочат со соодветен поднесок согласно Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, инфомира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Само во јануари тетовската полиција бележи 47 лица откриени во сообраќајни контроли како управуваат возила под дејство на алкохол.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2020 14:09