Популарните цртани јунаци, мачорот Том и глувчето Џери, неделава прославуваат 80 години постоење. Приказната за мачорот и глушецот кои живеат во иста куќа и постојано се надмудруваат, проткаена со урнебесни ситуации, е измислена во одделението за анимација на филмската продукциска куќа МГМ. Авторите Бил Хана и Џо Барбера имале за цел да го достигнат успехот на Волт Дизни.

Првата епизода е објавена 1940 година, при што мачорот на почетоот се викал Џаспер, а глувчето – Џинкс. Постигна огромен успех, па дури и му донесе номинација за Оскар за најдобар кус анимиран филм на студиото.

Кратко потоа Џаспер и Џинкс биле преименувани во Том и Џери. Околу тоа дали тие ќе зборуваат, авторите го зеле предвид успехот на немите филмови со Чарли Чаплин, па знаеле оти ликовите можат да бидат забавни и без дијалог.

Музиката за цртаниот филм ја компонирал Скот Бредли, а прочуениот човечки врисок на Том го овековечил лично Хана.

Првите 20 години, Хана и Барбера произвеле над 100 кратки цртани филмови и секој чинел во просек по 50.000 долари.

Цртанките се појавија и во неколку играни филмови – Џери се дружеше со Џин Кели во „Подигнете ги сидрата” од 1945 година, а потоа двајцата со Том се појави покрај Естер Вилијамс „Опасно е кога е влажно” (1957).

Откако МГМ го затвори студиото за цртани филмови 1957 година, Хана и Барбера покренаа своја продукциска команија. По неколку години МГМ одлучи да ги оживее Томи и Џери, но без оригиналните автори. Продукцијата потоа е преместена во Прага, Чешка, поради помали трошоци.

Пред неколку години, египетските власти се обидоа да го обвинат цртаниот филм за растот на насилство на Блискиот Исток, а пак иранските власти во една прилика ги споредија односите на земјата со САД со оние на Том и Џери.

Бил Хана почина во 2001 година, а Џо Барбера во 2006 година.

Правата за прикажување на цртаните филмови „Том и Џери“ денес ги поседува компанијата Ворнер Брос. Се планира и нов филм пред католичкиот Божик оваа 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2020 12:19