Т.С. (48) од Скопје е тешко повредена синоќа откако во неа удрило патничко возило „пежо“ со кое управувал М.Р. (29), исто така од Скопје.
Како што соопшти МВР, несреќата е пријавена во 19:50 часот, а се случила на улицата „Лука Геров“ во Ново Село.
Т.С. е пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување лекарска помош.
Екипа на СВР извршила увид на местото на незгодата.