Шеесет и четиригодишниот П.Т. од скопското село Орешани вчера додека работел во фирма на булеварот „Борис Трајковски“ паднал и се здобил со тешки телесни повреди.

Како што соопшти МВР, П.Т. со повреди бил пренесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Случајот синоќа во полиција го пријавиле од болницата.

На местото на настанот излегле полициски службеници, а бил известен и трудов инспектор.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2020 13:42