Голем пожар изби денеска околу 14 часот пред влезот во Струмица од Радовиш. Запалена е поголема површина шамак, трева, дрвца, а изгоре и еден напуштен киоск покрај патот.
Според Вернер Стоилов, заменик командир на ТППЕ Струмица, пожарот зафатил површина од околу 5 хектари од двете страни на патот, а пожарникарите успеале да го локализираат и работат на негово целосно гаснење.