Светската автомобилистичка федерација издаде официјална изјава во која го објави откажувањето на Големата награда на Кина во април.

– ФИА поради епидемијата со коронавирусот ја одложи трката од Формула 1 шампионатот што требаше да се вози за Големата награда на Кина.

Oфицијално, кинеското Гран-при кое требаше да се одржи во Шангај од 12 до 14 април е одложено на неодредено време.

ФИА ќе продолжи да се обидува да најде алтернативен датум за трката во случај ситуацијата да се подобри.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2020 00:01