Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против правниот субјект ДПТУ „ТОКО“ ДООЕЛ Стајковски – Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Во текот на 2009 година правниот субјект прибавил лични податоци, и тоа „лична адреса“ без знаење на сопственикот, која ја злоупотребил и искористил на начин што на адресата на ул.„Димитар Влахов“ во Берово, каде живее физичкото лице М.М., регистрирал нова подружница 2-„АГРО ТОКО“ Берово, во склоп на пријавениот субјект ДПТУ „Токо“ ДООЕЛ, со кој работел и создал долг кон трети правни лица, па по спроведена постапка за наплата на долгот преку извршител бил изготвен налог за извршување кој требало да биде наплатен од подружницата со адреса која противзаконски е регистрирана од страна на правниот субјект ДПТУ „Токо“ ДООЕЛ Стајковци.