Кај струмичкото село Куклиш синоќа околу 19:30 часот во координација на Регионалните центри за гранични работи Југ и Исток, од слобода бил лишен Ф.С.(43) од село Дорломбос, валандовско, затоа што при преглед во товарно моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 53 мигранти и тоа 37 од Авганистан, 12 од Пакистан, двајца од Индија, еден од Ирак и еден од Египет.

Од МВР денеска информираат дека Ф.С. бил приведен во СВР Струмица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба-Скопје“ и Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2020 13:24