Роџер Федерер не планира да учествува на „Мастерс“ турнирите на земја во Мадрид и Рим во првите недели од мај. Ова го објави агентот на швајцарскиот тенисер – Тони Годишик.

Притоа, тој ги негираше претходно објавените информации дека Федерер изјавил дека ќе учествува во двата подготвителни натпревари за „Ролан Гарос“.

Се очекува 38-годишниот Швајцарец да игра само на „Ролан Гарос“, кој започнува на 24 мај, за време на сезоната на земја.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2020 23:18