Одделението за внатрешни работи Кичево, преземајќи мерки по оперативната акција „Гора", приведе и од слобода лиши девет лица од Кичево.

Оваа денеска го потврди портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски, кој додаде дека се одземени и две товарни моторни возила и шест коњи натоварени со нежигосано огревно дабово дрво, две моторни пили и друг алат и прибор.

Полициската акција „Гора", се реализираше на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, како и во шумскиот појас кај кичевското село Челопетци. Дрвната маса, според портпаролот Димоски, е одземена и предадена на Шумската полиција и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2020 19:11