Јужноафриканската атлетичарка Кастер Семења настапи во првата јавна трка за осум месеци, го собори националниот рекорд на 300 метри и испрати порака со Интернационалната атлетска Федерација (ИААФ) дека „сè уште ќе ја гледаат на патеките“. „Тука сум да останам. Сè уште ќе го гледате моето лице. Тоа е сè што имам да ви кажам засега“, рече Семења во пораката до ИААФ. До Олимписките игри во Токио остануваат уште пет месеци, но нејзиниот настап е под знак прашалник. Моментно е под забрана за учество во трките на 400 метри, нејзина омилена дисциплина, меѓутоа и во сите останати до една милја, освен ако не почне да ги почитува правилата на ИААФ за намалување на природното ниво на тестостерон.