М.С., косопственик на фирма од Тетово, завчера околу 16:00 часот во СВР Тетово пријавил дека кај место викано „Вакуф“, во планинскиот предел на Попова Шапка, додека со ратрак превезувал патници по планинскиот предел, бил пресретнат од друг ратрак, сопственост на фирма од Скопје.

Според пријавеното, во тој момент од него излегол сопственикот на таа фирма, Т.Т.(49) од Хрватска, со регулиран привремен престој во Тетово, се качил на неговиот ратрак и почнал да ги навредува патниците – странски државјани и барал од нив да не се возат со ратракот на М.С., по што заминал.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2020 01:46