На локалниот пат од село Банско за село Робово, на влезот во струмичкото село Робово, вчера околу 07:45 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Ново Село“ во товарно возило „ивеко фургон“, со скопски регистарски ознаки, пронашле пет лица мигранти, од кои две од Авганистан и три од Пакистан.

Од МВР денеска информираа дека возачот на товарното возило Д.Д.(62) од Скопје бил лишен од слобода и заедно со мигрантите биле спроведени во СВР Струмица.

Против Д.Д. е поднесена кривична пријава до ОЈО, а по наредба на Јавен обвинител мигрантите биле предадени во Прифатниот центар за странци Гази Баба Скопје и во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2020 12:59