Во селото Крушопек во скопски Сарај во тек е полициска акција и се прават претреси во врска со недозволена трговија со дрога, потврди МВР за МИА.
Од Министерството посочуваат дека мерките се преземени по насока од јавен обвинител и по наредба од судија на претходна постапка.
Засега не се соопштува за каква дрога се работи и за колкаво количество, а според објавите во некои медиуми станува збор за голема пратка кокаин што наводно требало да се транспортира во Словенија.