Ричард Гренел, кој е именуван за в.д. вршител на должноста директор за национално разузнавање од страна на претседателот Доналд Трамп, ќе ја задржи функцијата амбасадор на САД во Германија.

Ова го потврди за Гласот на Америка неименуван официјален претставник на американската администрација.

Засега е непознато дали дипломатот, за кого има голема доверба американскиот претседател, ќе продолжи да биде специјален пратеник за разговорите Белград-Приштина.

Трамп го назначи Гренел за в.д. директорот на националното разузнавање вчера, а Гренел треба да ја преземе должноста во март.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2020 11:38