Дваесет и четиригодишна турска државјанка е осомничена за обид за убиство во Гостивар. Основното јавно обвинителство од Гостивар денеска соопшти дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против неа поради основано сомнение дека се обидела да стори кривично дело убиство.

Осомничената на 19 овој месец, по претходна расправија, со умисла се обидела да лиши од живот 23-годишен турски државјанин кога со кујнски нож му задала убодна рана во слабината од десната страна. Потоа го турнала повредениот на креветот и му задала уште една убодна рана од левата страна на слабината.

За неа е побарана мерка притвор поради опасност да побегне, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци или да се обиде да го доврши делото.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2020 12:18