Првиот случај на коронавирус во Либан беше потврден денеска, откако беше утврдено дека жена која пристигнала од Иран е позитивна на тој вирусот, изјави извор во болницата во Бејрут, каде што жената била ставена во карантин.

Засега нема дополнителни детали за овој случај, пренесува Си Ен Би Си.

Се очекува либанскиот министер за здравство подоцна да одржи прес-конференција на која ќе зборува за случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2020 22:09