Вчера попладнето било пријавено дека избувнал пожар во Клиниката за инфектологија при комплекс клиниките „Мајка Тереза“.

– Вчера во 18:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во Клиниката за Инфектологија во комплекс клиниките „Мајка Тереза“ при што опожарени биле кабли и цевки во тоалет од една од собите. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје, соопштуваат од МВР.

Од МВР информираат дека увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и за настанот е запознаен јавен обвинител.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2020 16:45