Вчера во 17:10 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје поточно во Министерство за Екологија, Е.Д.(26) од Неготино,С.Ц.(22) од Битола, И.Б.(34) од Скопје, Ј.Н.(19) од Скопје, како и една 16 годишна малолетничка од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир по чл.27 од ЗППЈРМ со испишување на графити во вид на дланки од раце на прозорците на Министерството за Екологија и натпис на плочникот пред прозорците со цел покренување акција за Еколошка свест.

Сочинети се пет записници за констатиран прекршок против лицата.

„Ние сме истрауматизирани од самиот пристап, бидејќи и покрај тоа што им објаснивме дека ова е само еден креативен перформанс дека сакаме да допреме до ушите на оние кои ги носат и спроведуваат одлуките, сепак безбедносните лица кои беа таму присутни, викаа и не притискаа да дадеме изјава, но ние не сакавме да дадеме изјава без присуство на правно лице“, истакна Елена Данова.

За инцидентот реагираа и од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Најавуваат претставка до Секторот за внатрешна контрола во МВР поради дрзок однос на полицијата кон активистите на „Петоци за иднината“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2020 08:41