Основното јавно обвинителство Скопје против тројца турски државјани поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Фалсификување исправа, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

-Тројцата обвинети, на 22 јануари, при влез на државната граница од Република Косово, на граничниот премин Долно Блаце, употребиле како вистински лажни јавни исправи – израелски пасоши и лични карти. Станува збор за двајца мажи на возраст од 26 и 41 година, како и една жена на возраст од 45 години”, информираат од скопското обвинителство.

Воедно во соопштениево се наведува дека употребените лажни документи се разликуваат од оригиналните израелски документи по квалитетот на хартијата, застапените техники на печатење на образецот, заштитните знаци, сјајот и интензитетот на застапените бои.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2020 15:47