Националниот воздушен простор на Романија е нарушен за време на ноќниот руски напад врз Украина, а зоната на веројатен влез на дрон е одредена во близина на границата, во југоисточниот округ Тулчеа, соопшти денеска Министерството за одбрана во Букурешт.
Романија, членка на НАТО, подигна два борбени авиони за да го надгледува воздушниот напад.
Паѓањето делови од дронови и повреда на воздушниот простор на Романија се редовна појава во изминатата година и половина, откако Русија ја напаѓа украинската пристанишна инфраструктура на реката Дунав, наведуваат агенциите.