Руски суд осуди тројца поранешни адвокати на рускиот опозиционер Алексеј Навални на неколку години затвор под обвинение за учество во екстремистички активности.

Адвокатите Вадим Кобзев, Алексеј Липцер и Игор Сергунин беа осудени на затворски казни од три до пет и пол години, објави руска новинска агенција.

Истовремено, им е изречена забрана за вршење адвокатска дејност во период од три години.

Навални ненадејно почина на 16 февруари минатата година во затворска колонија во арктичкиот дел на Русија, а Кремљ ги отфрли обвинувањата на неговите приврзаници дека опозицискиот политичар е убиен.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2025 13:36