Иранските власти соопштија дека во последните 24 часа уште четири лица починале од коронавирусот, а исто така регистрирани се уште 44 нови случаи на заразата.

Со тоа вкупниот број на починати во Иран достигна 19 лица, а 139 се заболени.

Голем дел од новите случаи се регистрирани во градот Кум, кој е жариште на заразата во таа земја, но има и четворица заболени во Техеран.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2020 13:06