Малезискиот премиер Махатхир Мохамед, кој пред два дена поднесе оставка, изјави дека ќе се врати на функцијата доколку добие мнозинство во Парламентот.

Тој денеска првпат по поднесувањето на оставката и се обрати на јавноста, нагласувајќи дека се откажал од настојувањата да покаже оти не сака моќ и би се вратил доколку биде избран, но и ќе прифати ако некој друг биде избран.

Како што нагласил, доколку има можност ќе формира влада која не е партиски насочена, туку предност ќе им даде на националните интереси.

Малезискиот крал Абдулах претходно денеска ги заврши дводневните консултации со сите 222 пратеника, за да утврди кого поддржуваат како премиер и дали сакаат нови избори.

Деведесет и четири годишниот Махатхир Мохамед беше најстариот премиер на светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2020 13:31